Произволен обект
Последни обекти

Магарево - Пелистер - Големо езеро

Пелистер е вториот по големина национален парк во Македонија. На оваа планинско-велосипедска тура се ужива во прекрасните погледи кон Преспа и Преспанското Езеро од македонска, албанска и грчка страна. На патот кон највисокиот врв Пелистер ( 2601 метар надморска висина ) може да се посети планинарскиот дом Диме Илиевски - Мурато кој се наоѓа веднаш до Големо Езеро - глацијално езеро кое преку целата година има вода и заедно со Мало Езеро се наречени Пелистерски очи. На самиот врв Пелистер има прекрасен поглед кон сите страни - Пелагонија, Крушевско, Преспанско, Охридско, така што оваа тура е вредна за уживање. Патеката за возење е колска, широка околу 3 метри, на места каменита, но не претставува посебен проблем за искачување со планински велосипед. Турата е долга 40 км, стартувајќи под хотел Молика и завршувајќи тука. Времетраењето на турата зависи од дозата на уживање - повеќе уживање и сликање - 8 часа; повеќе педалање - 5 часа.
Прогноза за времето
покажи повече
Координати
Начална точка:
Ширина: 41.03974
Дължина: 21.219503

Оценка
Моята оценка:
Сподели
 
 
Галерия
Характеристики
Близки обекти
Места
Маршрути
Зони
Надморска височина
1381m
2012m
2643m
0km
18.1km
36.3km
 
 
 
Коментари (0)