«
Охрид - превојот Баба - месност Два Јавора - месност Дофа - превојот Крстец - Охрид (Spiridon)
Тргнувајќи од Охрид, по регионалниот асфалтен пат кон Свети Наум, на 22 км има свртување во лево кон регионалниот асфалтен пат за Отешево. Искачување во должина од 14 км до превојот Баба. Од превојот Баба ( 1580 метри надморска висина ) со спуст по асфалт во должина од 4 км кон Преспанското Езеро, а потоа следи свртување лево кон планината и нејзините висорамнини. Кратко искачување по асфалтен пат нé носи до месноста Два Јавора – влезот кон ливадите и пасиштата на падините на Галичица. Погледите го запираат здивот и се надополнети со голем број видови флора, претставена со 176 видови. 26 од нив се ендемични на Балканот, а 12 се специфични само за Галичица. 5 км од Два Јавора, по земјен пат, се стигнува до месноста Шарбојца, една од најубавите висорамнини на планината каде и се наоѓа планинската куќа Асан Џура. После кратка пауза и закуска, турата продолжува со 7 км земјен пат по рамни терени до месноста Дофа, карактеристична по црвената земја која прави чувство дека се вози по површината на Марс. Следува 1,5 км искачување до превојот Крстец, 100 метри над Дофа, на 1555 метри надморска висина. Од тука започнува 12 км спуст и 800 метри пониска надморска висина до Охрид.
Прогноза за времето
покажи повече

Координати
Оценка
Моята оценка:
Сподели
Филтър